Расмусен: Покана за пристапни преговори, откако ќе се реши името

Од:

На средбата на претседателот Ѓорѓе Иванов со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Андерс Фог Расмусен македонскиот претседателот побарал поддршка и совет како да се најде излез од статус-кво состојбата, особено по се појасната игнорантска политика на Грција, која одбива иницијативи и средби. Тој отворено побарал совет како Рамсусен би се однесувал во ваква ситуација, бидејќи е невозможно да се најде решение ако нема дијалог.

Иванов побарал помош од својот соговорник за негов ангажман за постигнување на консензус за покана за Македонија за членство во Алијансата, а како аргумент го навел ставот: „како да постигнеме договор сами со Грција, кога цела Европа не може да се договори со неа”.

„Ние не бараме ништо повеќе од тоа што го бараат европските земји од Грција, а тоа е да си ги почитува меѓународно превземените обврски, му рекол македонскиот претседател на Расмусен, при што добил уверување од него дека ќе разговара со грчките власти да направат чекор напред.

Расмусен се согласил со ставот на претседателот дека секое решение мора да ги почитува и гарантира идентитетските и јазичните одредници, да се почитуваат човековите права, правото на самоидентификација и достоинство.

„Јас имам силна желба да ги видам сите земји од Западен Балкан во евроатлатнските структури, во Европската унија и НАТО и сакам да видам прогрес во тој поглед. Навистина имам силна желба да ја видам вашата земја како членка на НАТО, со оглед на тоа што вие ги исполнивте сите потребни критериуми.

– Сите знаеме дека е многу важно Скопје и Атина да најдат решение во рамки на ОН и ургирам сите лидери да направат екстра напори за наоѓање на прагматично решение. Сето ова зависи од Скопје и Атина во рамки преговорите кои се водат под капата на Обединетите нации. Ние донесовме одлука на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а тоа е дека сме подготвени да и дадеме покана за почеток на пристапни преговори на вашата земја, веднаш кога ќе биде донесено заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

– Ние сме подготвени тоа да го исполниме. Процесот се одвива меѓу Скопје и Атина и одлуката на НАТО во Букурешт беше поддржана од сите членки на Алијансата. Сите одлуки во НАТО се носат со консензус и ни треба согласност од сите членки за почеток на преговори за членство“, рече Расмусен.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов