Рашковски се храни со затворската храна и е изолиран од Мијалков и Камчев

Од:

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, половина месец е притвореник во затворот „Скопје“ во Шутка. Тој од приемното одделение, пред пет дена е преместен во друга ќелија. Од затворот велат дека тој не е сместен со друго лице, со одобрение од судот. Директорот Филип Андов за „А1он“ вели дека Рашковски се храни со затворска храна, а го користи и правото на пратки со храна од надвор.

„Во согласност на законот и куќниот ред се прави проценка за безбедносен ризик за притвореното лице каде ќе биде сместен и со кого така да ризик не постои. Неговата здравствена состојба е стабилна, прегледан е кај затворскиот лекар, нема здравствени проблеми, брза помош не е повикана, не е прегледан надвор од затворот. Не е точно дека притвореното лице Драги Рашковски е во лоша психолошка состојба“, вели Андов.

Рашковски е изолиран од ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев, кои исто така издржуваат мерка притвор во затворот, по одлука на Кривичниот суд поради опасност од бегство. За разлика поплаките кои ги имаше Камчев при издржувањето на притворот поврзани со лошите услови во затворот, Рашковски се нема пожалено до затворската служба и управата.

„Меѓусебен контакт помеѓу притвореникот Драги Рашковски и притворените С.М. и Ј.К., не е можен. Притвореникот Рашковски се нема пожалено дека добива притисоци и уцени и е ставен на распоред за користење на свеж воздух но истиот има право да го користи или не“, додава Андов за „А1он“.

Кон средината на април месец, Кривичниот совет ја преиначи мерката куќен притвор која му беше одредена на Рашковски, по што му одреди ефективен притвор во затворот „Скопје“. Освен Рашковски, поради опасност од бегство, притвор му е одреден и на Даниел Станчев, сопственик на фирмата „Инвока груп“ од која е набавен спорниот софтвер за кој сега ги гони Обвинителството.

Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет. „А1он“ дознава дека иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак, Обвинителството преку друг вид на комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“