Рашковски: Зачудува што Зеќири праќал дописи без да ме праша, се докажуваше на моја штета

Од:

Драги Рашковски, ексгенерален секретар во Владата, во ексклузивно интервју за „А1он“ открива како од функционер стана осомничен, а потоа и обвинет во случај кој го води Ивана Трајчева, обвинителка од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Не сум криминалец. Јас сум интелектуалец“, вели Рашковски.

Тој раскажува како документи со потпис на Мухамед Зеќири помогнале за да заврши во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, посочува дека Даниел Станев кој исто така е обвинет бил уценуван да каже дека му давал пари за да добие поволности, а најави и кривични пријави.

„Господинот Даниел Станчев беше 500 дена во притвор, се со цел под притисок да каже дека ми давал некакви средства“, додава Рашковски.

За првпат, Рашковски коментира за пораките кои се читаа во судницата, а каде тој, според Обвинителството, е запишан како „Перо 078“ во еден од телефоните од каде се извадени конверзациите.

Коментирајќи една од пораките прочитани во судница во која се вели: „Гледајте утнете и да се убијам“, Рашковски коментира: „Не би се убил за ништо“.

Тој испрати и порака до Русковска која ја повика на јавно соочување во медиум: „Не се станува голгетер кога голманот не ви е на капија. Голгетер се станува кога ќе направите акција, а од другата страна ќе имате противници кои се достојни на вас“.

Како се набавувани софтверите, кабините, камерите, но и дали фирмата „Г.Б.Ц. Системи“ сопственост на неговиот пријател и обвинет Игор Христов профитирала од тендерите на Генералниот секретаријат. Одговара и на тоа, колку се заработува од мекици, зошто обезбедувањето од МВР вршело уплати по сметки, плаќало школарини… Но и како се местат тендери?

Кој е текот на парите, како се заработени, но и како е купен плацот во Побожје, зошто неговата сопруга имала дозвола за управување на возило „Волво“ сопственост на „Г.Б.Ц. ситеми“ се и дел од другите прашања на кои одговара ексфункционерот, а сега обвинет, Драги Рашковски.

Го штителе ли бугарски служби? Зошто не било удобно во Владата и дали повторно би бил владин функционер? Драги Рашковски, на сите овие дилеми и повеќе, одговара во интервјуто за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“