Расчистени тешки кражби во Гостивар, крадецот е приведен

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово расчистија шест тешки кражби во Гостивар и го приведоа 25-годишниот А.О. од долнореканското село Видуше, соопшти МВР.

Во текот на минатиот и овој месец А.О. со употреба на сила и алат влегол во неколку гостиварски јавни установи (болница, катастар и други) и од таму одземал оставени пари во фиоки, каси и на други места. Дваесет и петгодишниот видушанец е приведен во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на овој случај, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик, а поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба”, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари