Раперот кој доби смртни закани поради песната за Македонија поднел пријава во бугарската тајна служба

Од:

Откако пред неколку дена раперот Иван Динев – Устата ги навреди чувствата на Македонците со песната „Лекција по македонска историја“, изведувачот доби стотици пораки со закани по неговиот живот.

Раперот вчера поднел пријава во полиција, а денеска документите ќе стигнат до Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и до Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Во средата раперот поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што му ги поставувале таму биле апсурдни.

„Затоа решив да се обратам до повисоките институции“, изјави Динев за НОВА.

Пред неколку дена Динев сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека добил над сто смртни закани по објавувањето на песната чија порака била насочена кон Северна Македонија.

“Прва лекција за историјата на Македонија. Ова не е земја, туку територија”, се дел од римите во песната.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски