Рангелова, не е хипокризија тоа што некои луѓе се лечат во приватни болници затоа што со ваквите како Вас го урнисавте јавното здравство.
Токму Вие и партијата на која и` припаѓате го стимулираше сомнителното приватно врз грбот на јавното здравство. Има уште еден податок за јавното здравство што мора да го знаете, а тоа е дека токму пулените на Вашата партија секој тежок медицински случај за кој смеетаат дека пациентот има големи шанси да почине се препраќа во јавното здравство, со цел приватните болници статистички да покажат помал процент на смртност.
Рангелова, хипокризија е да зборувате за државно образование во кое назначивте директори кои се се `само не педагози.
Хипокризија, е Рангелова, да барате од нас да ги праќаме децата во градинките во кои условите и воспитно образовниот процес се под стандардите.
Рангелова, не Ти прилега ниту улогата на опозиционер. Знеш зошто? Вие сте последната која има морално и законско право да впери прст кон некого и да бара нечија одговорност. Уште кога видов дека сте ја опоменале Шеќеринска за култура на однесување, сфатив дека ѓаволот навистина ја однел шегата.
И да, треба да знаете дека низ службените ходници се оди, а не се гази со потпетиците и не се разговара на телефон додека ја напаѓаат општина Центар.
Културна дама нема гума за џвакање во уста додека зборува, се облекува соодветно на функцијата и не седи на маса.
Културна дама разговара поинаку и не злоупотребува туѓи деца.
Културна дама би научила нешто од Радмила, за што ја прозивате, во најмала рака однесувањето. Хипокризија е да користите флоскули за да се доближите до народот, со плукање врз елитистите(како што не нарекувате). Како малечка, сигурно сте сакале да бидете Шеќеринска. Сигурно!
Дејан Блажески