Ранет Струженец, префрлен на скопската клиника

Од:

Со истрели од огнено оружје доцна попладнево е повреден 25 годишниот М.М од Струга. Според првичните информации момчето куршумите го погодиле во левото рамо, по што веднаш е префрлено на хируршкото одделение во струшката општа болница, од каде е префрлен на скопските клиники.

Според неофицијални информации момчето потекнува од позната струшка фамилија, сопственици на ресторан во градот. Момчето било погодено со еден куршум но иако било во стабилна и свесна состојба поради длабочината на раната дежурниот лекар од струшката болница веднаш го испратил во Скопје.

Од полицијата во Охрид изјавиja дека превземаат опсежни активности за настанот преку прибирање на подетални информации. Низ струшката чаршија кружат информации дека инцидентот се случил во самиот ресторан сместен во сторгиот центар на градот, но и различни верзии за тоа како дошло до инцидентот

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга