Рамчиловиќ: Првпат по 11 години нема да има покачување на пензиите

Од:

„Првпат после единаесет години нема да има покачување на пензиите во Република Македонија.

СДС го укина зголемувањето на пензиите.

СДС вчера пред очите на целата јавност одлучи пензиите на пензионерите да не се зголемат.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во своето владеење ги зголемуваше пензиите на сите пензионери во Република Македонија.

Најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари.

СДС не дозволи пензионерите да добијат плус уште една просечна пензија од 8.200 денари во текот на годината.

СДС треба пред пензионерите и целата јавност да одговори зошто се против зголемување на пензиите на пензионерите, тие само докажуваат дека партиските интереси се многу поважни од интересите на граѓаните.

СДС со вчерашното гласање го спречија продолжи трендот на зголемување на пензиите на пензионерите што беше редовна пракса во изминатите години.

ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се грижи за пензионерите додека СДС продолжи онаму каде што застана во 2006 година, да ги лаже, да ги манипулира пензионерите и да не ги покачува пензиите.

Ваквото деструктивно однесување на СДС ќе биде казнето од страна на граѓаните на претстојните локални избори“, изјави Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања