Рама побара продолжување на автопатот „Руга е Арбрит“ до Скопје

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со својот македонски колега, Зоран Заев, денеска рече дека трговската размена меѓу двете земји е значително зголемена, притоа истакнувајќи дека продолжувањето на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) до сегментот Скопје-Блаце е стратешка потреба.

-Има многу работи што можеме да ги направиме заедно. Имаме значително зголемување на обемот на трговијата помеѓу двете земји. Лани трговската размена е зголемена за 11 отсто, но сметам дека е многу малку во споредба со нашиот потенцијал. Исто како што голем број инфраструктурни дела не обединуваат во заеднички интерес, продолжувањето на автопатот „Руга е Арбрит“ се до сегментот Блаце-Скопје е стратешка потреба и, се разбира, според можности и плановите на Вашата Влада ќе влезе во процес на реализација во потребниот момент за кој верувам дека ќе биде набрзо, рече Рама.

Текот на градежните работи на автопатот на албанска страна се одвиваат со забрзана динамика. Оддалеченоста од Тирана до граничниот премин „Блато“, на албанско-македонската граница кај Дебар, од 182 се намалува на 70 километри.

Премиерот Рама на прес-конерецијата најави дека на лето владите на двете земји ќе одржат заедничка седница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски