Рахиќ: Потпишав Јанакиески да биде спроведен до судот, не знам зошто тоа не е извршено

Од:

Директорот на затворот Скопје во Шуто Оризари, Есад Рахиќ за А1он во однос на денешното не спроведување на Јанакиески до судот, изјави дека уредно потпишал утрово тој да биде донесен на судење во Кривичен, но не знае зошто тоа не е извршено.

-Јас добив барање од судот за спровод, вчера го видов распоредот и утрово уредно потпишав да биде спроведен. Одредено му е и возило и полициска асистенција, но не знам зошто не е спроведен, прашајте ги адвокатите да не побарале одложување, вели Рахиќ.

Судското рочиште за предметот „Топлик“ денеска беше одложено поради отсуство на двајца од обвинетите, ексминистерот Миле Јанакиески и Димитар Димовски кои не беа спроведени до Кривичниот суд од полицијата.

Претседателот на Судечкиот совет, кој го води предметот, Осман Шабани рече дека судот до затворот во Шуто Оризари уредно доставил барање за спровод на Јанакиески и Димовски, но не знае од која причина тие денеска не се донесени во Судот.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот во предметот „Топлик“, Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов