Рахиќ: Јанева не е сместена во хашкото одделение, таму е Јовановски

Од:

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева не е сместена во хашкото одделение. Таму е сместен Бојан Јовановски затоа што прв дојде откако му беше изречен притвор, одговори денеска директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ, на новинарското прашање пред почетокот на конференцијата „Проект за реконструкција на казнено-поправните установи во Северна Македонија“ во Скопје.

– Тоа се шпекулации. Специјалната обвинителка не е сместена во хашкото одделение. Има повеќе блокови, хашкото е да речеме поизолирано. Господинот Јовановски е таму затоа што дојде прв. Да речеме „прв дојден, прв услужен“. Госпоѓа Катица дојде подоцна и ја сместивме во другиот дел, изјави Рахиќ.

Прашан какви се условите во хашкото одделение во споредба со останатите простории во затворот, директорот рече дека условите се речиси идентични.

– Хашкото одделение е да речеме поизолирано. Но, условите се исти. Во хашкото одделение има и обични нормални осудени лица, исто како што има и вип личности во други одделенија. Така да, тука нема интенција на оваа управа, тој дел од хашкото одделение да биде специјално одделение за жени и да речеме за некои други случаи. Сепак, вип категоријата или хашкото одделение не е такво како што го претставуваат. И таму условите се далеку од тоа што треба да бидат, рече Рахиќ.

Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец се осомничени за случајот „Рекет“ што го води Обвинителството за организиран криминал и корупција. Јанева и Јовановски издржуваат мерка привор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски со одлука на судот е префрлен во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески