Радев – Заев: Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и решавање на спорните прашања

Од:

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател.

Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Северна Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.

Би можело да ве интересира

Радев на средба со Руте во Брисел: Бугарија помага во заштитата на источното крило на НАТО

А1он

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Партијата на Румен Радев убедлив победник на изборите во Бугарија

А1он