Радев: Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Пендиков и да му обезбеди лекување

Од:

Бугарскиот претседател, Румен Радев, најостро го осуди, како што рече, систематското кршење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевањето омраза кон нив и повторно ќе го постави ова прашање пред европските лидери и институции.

Шефот на бугарската држава смета дека „искажаните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се во спротивност со реалноста во која живеат македонските Бугари во Македонија“.

Причина за неговиот став е синоќешниот напад врз Бугаринот Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Радев објави дека Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Пендиков, кој е повреден и се наоѓа во болница и да му обезбеди лекување, пренесе БНР.бг.

Амбасадорот на Скопје во Софија е повикан во Министерството за надворешни работи за да му предаде протестна нота.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го осуди инцидентот.

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка