Работна средба за идна соработка помеѓу МТСП и УН Агенциите

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со раководниот тим во Министерството оствари работна средба со претставници на УН Агенциите предводени од постојаниот координатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон.

Работната средба ја отворија министерката Мила Царовска и постојаниот претставник Луиза Винтон при што информираа дека целта на оваа работна средба беше да се поразговара како за досегашната, така и за идната соработка помеѓу Министерството за труд и социјлана политика и УН Агенциите во остварување на заедничките приоритети.
Имено, Министерството за труд и социјална политика гледа стратешки партнер во УН агенциите во имплементацијата на реформите за креирање на политики на социјална заштита и праведност кои се во насока на остварувањето на целите за одржлив развој.

Токму затоа, раководителите на сектори пред претставниците на УН Агенциите ги презентираа стратешките приоритети во сите сектори на Министерството за труд и социјална политика, согласно со програмата на Владата на Република Македонија и стратешкиот план на Министерството.

Воедно беше побарана поддршка од УН агенциите за нивна реализација, но и изразена надеж за долготрајна и искрена соработка и посветеност во заложбите за правилно инклузивно општество за сите.
Министерството за труд и социјална политика ја организираше средбата во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска