Работна средба на Димитров со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше работна средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија во Република Македонија.

Димитров ги информираше ЕУ амбасадорите за актуелните случувања и текот на отпочнатите реформи во Република Македонија.

Министерот Димитров ја реафирмираше нашата заложба за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и неопходноста од обезбедување кредибилност на процесот на интеграција во ЕУ. Исто така, информираше за конкретните реформски активности, пред се, во приоритетните сфери: правосудство, добро владеење, јавна администрација и следење на комуникациите.

“Треба да ја искористиме секоја шанса за напредок. Ние ќе направиме се да ве убедиме дека можеме да бидеме фактор на успех, за нас, за регионот и за Унијата” – истакна министерот Димитров.

Од страна на ЕУ амбасадорите, беше изразена поддршка и беа упатени охрабрувачки пораки за досегашниот ангажман на владата. Истовремено беше истакната важноста од континуирано одвивање на процесот на реформи како битна претпоставка за детерминирање на натамошниот тек и динамика на европскиот интегративен процес. Во тој контекст, амбасадорите ја нагласија неопходноста Република Македонија да се фокусира на имплементација на итните реформски приоритети.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија