Работна средба на Асоцијацијата на комунални претпријатија за јавни паркиралишта во Битола

Од:

Директорите на јавните претпријатија за јавни паркиралишта кои се дел од Асоцијацијата на комунални претпријатија за јавни паркиралишта денеска одржаа работна средба, со цел да се зајакне меѓусебната соработка во дејноста што се однесува на управувањето со јавните паркиралишта и обезбедување и олеснување на пристапот до услугите од областа на комуналните дејности.

На средбата се разговараше за воспоставување на меѓународна соработка која ќе овозможи воведување нови технологии за подобро функционирање и подобар квалитет на услугите кои ги нудат и се разгледуваа можностите за проширување на асоцијацијата во општините ширум Македонија.

– Асоцијацијата на комунални претпријатија за јавни паркиралишта ќе служи за унапредување на работата на јавните паркиралишта, зајакнување на меѓусебната соработка, преку поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, како и воспоставување на меѓународна соработка. Очекуваме да се приклучат сите останати комунални претпријатија за јавни паркиралишта и во брзо време да се одржи основачкото собрание преку кое ќе се основа Асоцијацијата, изјави в.д. Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.

На средбата беа присутни и претставници на претпријатијата за јавни паркиралишта од Охрид, Кочани и Штип кои се во преговори да се приклучат на Асоцијацијата.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов