QUATTRO STAGIONE вршител на должност – ги има сите овластувања, ама не баш

Од:

Го дочекав и тоа. Си чекам ја на еден од едношалтерскиве шалтери у ПИОМ, ФЗОМ, делумно по МВР и Основен I , МЦСР, така патем два-трипати до “фотокопирница” (пази го називов, колку е долг ќе го заборавиш додека го кажеш), набрзинка пополнувам образец ПП-50 па уплаќам во МП и цел среќен се враќам конечно едношалтерски да си поднесам се што ми треба за да извадам ЕЗК.

Кога таму замисли се да било во ред, арно ама ете ти го Спире министерон (оној од пред некоја приказна коа беше на друга функција) што раководеше со МТСП, а позади него онака срамежливо ѕиркаат Тодоров и овој новиов младиов не му знам име уште, плус појачање еден од дијаспората. Ми вика Спире онака ударнички, овојпат со поддршка од типциве позади него:

-Што бе ти тука? Па нели ти најдов работа кога беше акцијата КОЈ сака да работи, РАБОТА ИМА. И ти ме разочара да знаеш, ист си бил како другиве неработници. Малку ти е таа работа а? Гледам јас си го намирисал ти новиот проект на Владата до 3000 илјади Евра по лице за новоотворено работно место до 3 вработени во мали претпријатија, ако не е и полошо, да не си се намерачил на другиот до 5 илјади Евра ако има 5 вработени лица.

СРАМОТА барабо ниедна, кај работа ти дадов, ниеднаш ти се немам јавено да одиш на контрапротести ни за Црква пред Центар, ни за овие „обратниве“, ни да тепаш минувачи што се шетаат и се сликаат по плоштад, ова ли ми е фала? Не ќе може така, само да си знаеш прв си на список за протестиве што ги планираме сеа после состаноков кај што нема да не одбијат ниту блокираат за ЕУ.

Се смрзнав. Пола влада наспроти мене. Не министре велам јас, таман работа. Јас со ваша помош и фала „ногу“ на владата едвај оваа работа ја добив сеа уште и ќе сум аплицирал за нови проекти со три до пет лица. Ни случајно тоа. Башка и да сакам неможам, Тодоров уште не го ни почнал проектов со клонирање луѓе така да и да сакам не можам, кај ја да најдам толку невработени лица. Друго е проблемот.

Работата што ми ја најдовте пропадна, па еве едношалтерски барем да сум социјално и здравствено згрижен, дојдов да си извадам ЕЗК за не дај боже. А, од работа ме избркаа, сум го исполнувал условот за “IQ” на каратистов, арно ама нешто “CV-to” во делот за школска подготовка ми било тенко, Не се важело ни тоа што на „вечерно“ полагав екстерно.

Кога ОП, Спире веднаш има решение, не се секирај ми вели сега сум во образование така да ќе го дооформиме и тој дел од твојата личност. Туку слушај, ако си уплатил парите, батали тоа ЕЗК, не ти треба, а ако толку па ти притреба не се секирај, еве го Тодоров позади мене ќе „свршиме“ работа (си велам ќути среќа што не е позади мене). Ајде сега бркај работа и главата горе. Него нешто те гледам си ми ослабел, намини на некој протест-контрапротест, немој ние да те викаме.

Опозицијата зема залет.Озбилно, се сложиле коцките, сега му е мајката. Единствено малку ме двоуми дали “No.1” e вистински или е само вршител на должност (по навика). Не толку поради организациско-менаџерските капацитети како кадар, туку ако тој е ВД, да не излезе дека цела опозиција е само Вршител на должност со сите овластувања ама не баш (до КРАЈ нели). Некако целава работа мириса на нов проект БУЧКО и РАДА БУТААТ ВЛАДА. Добитна комбинација, особено што и лимарот им е длабоко финансиски влезен и на двајцата.

Нејсе, ќе биде, се ќе си дојде на свое место. Си имавме работно лето што си го продолживме во жешка есен, па измрзнати зимоска по улици и булевари (благодарение на Владата секако), убаво ни дојде предконгресно-конгресениот „млак“ туш. Летово кој како, а од есен можеби ВАЗ ќе извади нов модел на НИВА.

И така…

Александар Величковски
правник

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска