Пукање во Батинци: еден мртов, еден тешко повреден

Од:

Еден мртов и еден повреден е билансот од престрелката шти утрово се случи во селото Батинци во скопско потврди МВР.

– На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв.

На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, стои во Билтенот на МВР.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ