ПССЕ бара консолидирање на политичката клима во Македонија

Од:

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), расправаше за еволуцијата на процесот за следење на земјите членки на Советот на Европа, таканаречениот „Мониторинг процес“. Во поднесениот извештај и резолуција дел е посветен и на процедурата на пост-мониторингот со која беше опфатена и Република Македонија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Имено, во предложената резолуција и извештај ПССЕ изразува загриженост поради констатираните недостатоци во голем број на земји опфатени со неа, меѓу кои и Република Македонина. Овие недостатоци според ПССЕ ја доведуваат во прашање консолидацијата на демократијата во засегнатите земји и се спротивни со обврските и заложбите преземни со членството во Советот на Европа.

Од забелешките кои се однесуваат на Република Македонија е т.н. закон за лустрација и одлуката на главните партии од опозицијата да не ги прифатат нивните мандати во новоизбраниот парламент и да не го признаат легитимитетот на претседателските избори од 2014 година.

Конкретно по посетата на известувачот на Македонија на 2 и 3 декември 2013 година и учеството во предизборната набљудувачка мисија и во следењето на претседателските и парламентарните избори кои се одржаа на 13 и 27 април 2014 констатирано е дека „процесот на лустрација во Македонија во моментов е контроверзен и политизиран, а Законот за лустрација беше оспорен пред Уставниот суд“.

ПССЕ потсетува дека Европската комисија во својот извештај за напредокот на Македонија во 2013, препорача да започнат преговорите меѓу Македонија и Европската унија по петти пат. Сепак, со оглед на недостатокот на напредок за прашањето за името, Европскиот Совет не донесе одлука во ова насока.

Според ПССЕ, екстремната политизација на јавниот живот, заедно со етничките и политичките поделби, предизвикува сериозна загриженост. Односите меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата остануваат многу тешки и со тоа се поткопува процесот на донесување одлуки. ПССЕ изразува загриженост и за медиумската средина и слободата на изразување.

Во однос на минатите избори, претседателски и парламентарни, кои беа следени од ПССЕ, се нагласува дека „Меѓународната мисија заклучи дека изборите беа организирани ефикасно и беше забележано дека слободата на собирање и здружување во текот на изборната кампања беше почитавана. Сепак, кампањата и медиумската средина беа пристрасни и во корист на владејачките партии, укажува ПССЕ.

На крајот од делот за Македонија во извештајот на ПССЕ се вели дека на 16 мај, 2014 година, Мониторинг комисијата издаде соопштение во кое изразува загриженост за одлуката на членовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, главната опозициона партија, да не го прифати мандатот во новоизбраниот парламент и да не ја признава легитимноста на претседателските избори. Комисијата на ПССЕ, исто така ја осуди и одлуката на Демократската унија за интеграција за бојкот на претседателските избори. Паралелно со ова, Комисијата ги повика властите брзо да одговорат на недостатоците на изборниот процес, како што е наведено од страна на Меѓународната мисија за набљудување на изборите, како и спроведување на транспарентна и непристрасна истрага за наводите за заплашување и притисок врз гласачите.

Како резултат на тоа, ПССЕ ги повикува сите земји во постапка на следење или кои се вклучени во пост-мониторинг дијалог да ги интензивираат своите напори за целосно спроведување на сите обврски и заложби преземени со членството во Советот Европа.

Собранието притоа потврдува дека парламентарната постапка за следење играше и продолжува да игра важна и позитивна улога во процесот на трансформација во многу земји-членки на Советот на Европа. Тоа во голема мера придонесе за демократизација и зацврстување на институциите во овие земји.

Инаку, новина која се предвоидува со реформата на мониторингот е што сега ќе биде можно и за старите земји членки на Советот на Европа да бидат следени, со што би се напуштил двојниот стандард, кој што во моментов постои.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат