Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Од:

Пред Основиот суд во Охрид и денеска не се одржа закажаното рочиште од процесот што се води предметот во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид.

Причина за одлагањето беше тоа што застапникот на одбраната се уште не го добил обвинителниот акт против второобинветиот во процесот.

Во судницата беа присутни оштетениот Пендиков, првообвинетиот во предметот Илија Спасески и за првпат и второобвинетиот Борче Ангелов од Битола.

Застапникот на двајцата обвинети, адвокатот Димитрија Цобоски, рече дека не му е позната содржината на обвинението за второобвинетиот.

– Обвинителот поднесе обвинение и против вториот обвинет во предметот. Мене не ми е позната содржината на тоа обвинение, не ми се познати доказите, добив покана само за предметот против првообвинетиот, така што потребно е време да се подготвиме и да ги провериме доказите и да ја подготвиме одбраната, рече тој.

Судијата Бојан Мартиноски на денешното рочиште појасни дека за двајцата обвинети ќе се води една судска постапка, а дека околностите под кои се случила тепачката ќе се докажуваат на следните рочишта.

Основното јавно обвинителство од Судот побара на второобвинитетиот Ангелов да му се одземат пасошот и личната карта, за да не може да ја напушти државата.

Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, немаше коментар на денешната одлука на Судот да го одложи денешното рочиштето, изразувајќи уверување дека веќе на следното рочиште ќе почне постапката со изведување на предложените докази, како на обвинителството така и на одбраната.

Следното рочиште од процесот е закажано за 1 декември.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Би можело да ве интересира

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се чувствувал како Бугарин

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

A1on

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

A1on

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

A1on

(ВИДЕО) Адвокатот на Илија Спасески го напушти судењето: Обвинителството заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин

A1on