Прво место за учениците од Кочани на натпреварот од Адриа лигата по роботика

Од:

Прво место во категоријата Основни вредности и Најдобар ментор, како и трета награда за Игра со роботи освоија учениците од основните и средни училишта од Кочани, кои го сочинуваа тимот од Македонија на регионалниот натпревар по роботика што се одржа во Гросупље, Словенија.

Тие беа единствени претставници од Македонија во Адриа лигата, а со постигнатиот успех се стекнуваат со право да учествуваат на Европското првенство по роботика што ќе се одржи во Унгарија.

– Очекуваме до 20. март да не известат дали ќе учествуваме на првенството бидејќи Македонија се уште нема формирано своја лига, а со тоа немаме ни лиценца за натпреварување на Европско првенство. Претходно бевме принудени да се натпреваруваме во лигата на Србија, каде во конкуренција на 20 екипи го освоивме првото место и се стекнавме со право да патуваме во Словенија, рече Гордан Анастасов, професор во СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани, кој ја освои наградата за најдобар ментор.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно