Прв состанок на работната група за ветинг во МВР

Од:

Работната група за ветингот во МВР денеска треба да го одржи првиот состанок. Како што најави неделава државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, состанокот треба да го отвори министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Работната група до 1 октомври треба да подготви предлог план кој ќе се достави до Владата на усвојување.

На Шестата сесија на Работната група IV на тема „Ветингот како мерка за остварување на интегритет на институциите, што се одржа во вторникот, беше констатирано дека обезбедување на консензус меѓу главните политички субјекти е клучниот сегмент за спроведување на ветингот во Република Северна Македонија.

Од дебатата произлезе и предлогот дека е неопходно да се спроведе комплетна и комплексна анализа на фактичката состојба, потребата, постапката и последиците од ветингот во областа каде тој ќе се спроведува. Експертите се согласија и дека е значајно институциите што планираат да спроведат процес на ветинг кадровски да се подготват за да ги заменат вработените кои нема да го поминат процесот на ветинг, а со цел институциите непречено да ја спроведуваат својата функционална надлежност.

Искуство, на сесијата сподели Андреа Јалечова од Националните безбедносни власти на Словачка која е независна државна институција за заштита на класифицирани информации, формирана во 2001 година со цел интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

-Институцијата која сака да изврши ветинг доставува барање за лицето и негова согласност за да биде подложено на ветинг, бидејќи ако лицето не е согласно не може да се направите проверка. Вториот чекор е барање на информации од институциите. Во Словачка имаме можност за полиграф, а таа процедура може да ја побара самото лице кое е подложено на ветинг, информираше Јалечова.

Информациите добиени од ветингот, појасни таа, се класифицирани и се строго чувана тајна во архивите на Националните безбедносни власти. Во Словачка ветингот го поминале обвинители, професионални војници, полицајци, вработени во министсретсвото за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари