Прв македонско-бугарски ветеринарно-медицински конгрес

Од:

Во организација на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија и Бугарскиот ветеринарен сојуз, денеска и утре во Струмица ќе се одржи првиот меѓународен македонско-бугарски ветеринарно-медицински конгрес.

Конгресот се организира по потпишувањето Меморандум за соработка меѓу коморите на двете земји во 2018 година и е прв собир во коорганизација на две ветеринарни комори во поширокиот регион. Целта е размена на сознанија и искуства меѓу докторите по ветеринарна медицина од двете држави, размена на најновите научни и стручни достигнувања за справување со болести кај животните кои имаат влијание на здравјето кај луѓето или предизвикуваат огромни економски штети во сточарството, утврдување стратегии за спроведување епидемиолошки мерки, осигурување здравствено безбедна храна за луѓето, благосостојба на животните, заштита на природната средина и промовирање на ветеринарно-здравствената професија и нејзиното општествено значење како национално и меѓународно јавно добро.

За конгресот, кој се очекува да го отвори министерот за земјоделство Љупчо Николовски, се пријавени над 130 учесници од Бугарија. Ќе присуствуваат и еминентни професори од нашата земја со свои излагања, директорот на Платежната аенција, Никола Бабовски, како и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во работата на конгресот ќе учествуваат и директорот на Бугарската агенција за безбедност на храната, д-р Дамјан Илиев, кој воедно е и еден од предавачите, како и деканот на Факултетот за ветеринарна медицина при Софискиот универзитет, проф. д-р Богдан Аминков.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он