„Прв до врв“ во знакот на Св.Трифун

Од:

Февруарското издание на „Прв до врв“ што ќе се одржи денеска, тематски е посветено на виното и празникот Св.Трифун и ќе се состои од групно качување со планинарење и велосипедизам на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината.

Месечните настани „Прв до врв“ немаат натпреварувачки карактер и се организираат со цел што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг и рекреација во искачување на Водно.

Настанот е во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на веб страницата www.prvdovrv.mk. Стартот е во 9 часот наутро пред ОУ „Кочо Рацин“, а околу 11 часот е предвиден делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска