Противничките партии на Груевски „на тапет“ кај Зврлевски и инспекторите

Од:

Отварањето на истраги од Основното јавно обвинителство е изборна одмазда на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, велат за А1он од БЕСА.

Јавното обвинителство на наведува за која политичка партија отвара истрага за изборни нерегуларности, иако во јавноста излегоа информации дека под лупа на Зврлевски е БЕСА, како и финансирањето на изборната кампања на СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ Нова потврди дека Јавното обвинителство отворило истрага за финансирањето на кампањата на СДСМ.

– Беше видливо дека потрошија повеќе пари од ВМРО-ДПМНЕ, иако во извештаите тоа не го пишува, пишува дека ние сме потрошиле многу повеќе средства. Сепак, ќе бидеме трпеливи, времето ќе покаже од каде ги добиле тие средства, рече Груевски.

Во соопштението на Јавното обвинителство пишува дека предметот е од 2016 година, а провладините медиуми потврдија дека се работи за СДСМ.

„Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи“, стои во соопштението.

Нејасно е како Зврлевски отвара истрага за финансирањето на кампањата на СДСМ, а не отвори истрага за најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ, која во 2011 година имаше минусно салдо од над 204 милиони, но тоа не беше доволно за Јавното обвинителство да покрене истрага.

Инспекции за неистомислениците на Груевски

Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговараа за формирање на Влада а откако гадоначалниците на Гостивар и Тетово, Невзат Бејта и Теута Арифи јавно се изјаснија дека се против коалиција со Никола Груевски, во општинските канцеларии на Гостивар и Тетово влегоа засилени инспекции.

Невзат Бејта тогаш изјави дека вистинскиот криминал е во Владата, а не во Општина Гостивар.

– Нека пратат контрола во Владата, таму се трошени милиони евра, па нека даваат отчет пред нашите граѓани. Нечовечки дојдоа, само дојдоа да ми порачаат да ја затворам устата, но јас нема да ја затворам, рече Бејта.

Наводните сомнително финансирање и изборни нерегуларности, како и инспекциите во општините во кои градоначалниците не се од ВМРО-ДПМНЕ и напад против сите кои не мисли како партијата се пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ откако на изборите во декември не го добија посакуваниот резултат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он