Против него има дисциплински постапки, ама тоа не му е проблем да биде антикорупцинер

Од:

Во Собранието продолжуваат интервјуата на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија.

Обвинителот Златко Биковски предизвика големо внимание, особено затоа што тој е обвинител во случајот „Пуч“, а за кого пред Советот за јавни обвинители се води дисциплинска постапка. На Биковски беше определена и дисциплинска мерка 6 месеци да добива третина плата помалку затоа што не постапил навремено и соодветно во постапката за 27 април.

„Секоја една институција и носител на јавна функција подразбира правни начела кои се ошто прифатени. Едно од нив е пресумцијата на невиност. Досега немам добиено на знаење дека ми е нарушен проесионалниот чест и углед. Немам пречка да не се појавам на било кој фронт за остварување на целите во една правна и демократска држава. Не сум бил казнет дисциплински за случајот Пуч, бев изземен, туку за друга постапка која не е завршена“, рече тој.

Образложувајќи го своето портфолио, тој додаде дека нема изгубено ниту еден случај, а само од случаите „Метастаза“ и „Калдрма“ државата надоместила штета од 2 милиони евра.

Тој призна дека во неговата кариера имало обиди за влијание од страна на пратеници во Собранието кои имале интерес за некоја постапка или лице, а неговите реакции на таквите обиди за влијанија биле „културни и професионални, но ригорозни“. Запрашан зошто не ги пријавил ваквите обиди за влијанија, Биковски рече:

„Никаде во светот не може да се очекува обидите за влијание да исчезнат преку ноќ и дека тоа ќе го реши некоја регулатива. Тоа не било барање кое имало дејствие или последица кои ги исполнува елементите на едно кривично дело. Тоа било интересирање“.

Биковски беше прашан и за негово мислење околу евентуалното менување или укинување на членот 353 став 5 од Кривичниот законик, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки.

„Укинувањето на кривичната дела на одговорните лица од ова кривично дело е чин на висока корупција. Можеби поради текстот на оваа одредба, треба да се разговара дали 353 е доволно широка и сеопфатна, или за некои ситуации е претесна. Можеби не треба да се направи корекција во неа, туку можеби ќе се пропише ново кривично дело во оваа глава. Можеби е прашање дали треба да се направи градација на казната“, рече тој.

Интервјуата продолжија со Лепосава Апостоловски-Белинов од Државниот завод за ревизија, која претходно работела во ревизорското тело на ИПА.

„Мора да има механизми за тој што направил злоупотреба, да има механизми парите да се вратат. Ако носиме закони кои немаме намера да ги применуваме, тогаш нема зошто да ги носиме“, рече таа.

Нијази Асани од Гостивар, Министерство за одбрана, Вработен во општинска админситрација како раководител на правни прашања рече дека работел во Швајцарија 9 години и дека оттаму го црпел искуството, но одби да посочи корупциски случај за кој тој чул како граѓанин.

Запрашан кои три антикорупциски проблеми треба да бидат прво решени, тој посочи:

„Корупција при вработувања и судир на интереси, според актите на систематизација и вnатрешна организација, за да имаме кометентни луѓе. Јавните набавки. Здравството и образованието исто така“, рече тој.

Вкупно 57 кандидати ќе бидат интервјуирани во наредниве неколку денови. Од нив, само седуммина ќе влезат во новиот состав на Државната изборна комисија, која според новиот закон, има нови и проширени надлежности.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран