Додека пред Собранието „Левица“ го изведуваше перформансот „ни крвават рацете за Македонија“, група момчиња донесоа јајца пред Собранието. Додека едни оставаа отпечатоци од дланките на асфалтот, други почнаа со јајцата да фрлаат по Собранието.
Јајца фрлаат само група момчиња, додека останатите демонстранти мирно ги следат и продолжуваат со патриотски песни и скандирања „оставка“ и „никогаш северна, само Македонија“.
Перформансот со крвавите дланки и фрлањето јајца по Собранието се поклопи со говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред пратениците.