Протести во Брисел за осудените во „Монструм“

Од:

Над 300 Албанци од Албанија, Косово, Јужна Србија и Македонија, а кои се со постојан престој во Кралството Белгија, денеска одржаа протест на плоштадот „Луксембург” пред Европскиот парламент во Брисел за поддршка на осудените во случајот “Монструм”.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на протестот можеа да се забележат знамиња на Албанија, на “УЧК”, но и по некое на САД и Велика Британија, а присутните со извици “УЧК” и пароли “стоп на насилството”, “Скопје не си само” и “Слобода за Албанците”, порачаа дека повеќе не им веруваат на албанските политичари во Македонија.

Зад официјалната организација на денешните протести во европската престолнина стои албанската невладина организација “Маковал” (Македонија-Косово-Валонија-Албанија), чиј претседател во изјава за МИА ги потврди причините за денешните протести.

– Јас ја претставувам организацијата “Маковал” која се грижи за сите незадоволства на лицата, без разлика дали имаат социјална или некаква друга општа потреба. Ние само сакаме да им помогнеме на луѓето. Во моментов во Македонија сметаме дека албанската популација која таму живее не е задоволна со системот, незадоволна со тоа како се одвиваат работите во оваа земја. Се разбира, тие се најнезадоволни со осудувањето на шестемина млади деца кои мислиме дека немале ништо со случајот, изјави Мемедали Ахмеди, претседател на невладината “Маковал” и додава дека бараат меѓународен мониторинг.

Во однос на тоа зошто албанското знаме го има насекаде, а не и македонското, со оглед на тоа што се протестира за случувања во Република Македонија, Мемедали Ахмеди потенцира дека тие денеска се одлучиле албанското знаме да биде доминантно, како симбол на сите Албанци, но дека има и знаме на Косово, како и на САД и Британија.

Протестите минаа мирно и иако имаше најави, демонстрантите не се упатија кон македонската амбасада во Белгија, која се наоѓа на 500 метри оддалеченост од местото каде се протестираше.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски