Протест за прегазениот битолчанец: „Срамна казна на убиецот на мојот брат“

Од:

Денеска се одржа протест поради 18-те месеци затвор што ги доби возачот кој го прегази и усмрти битолчанецот Оливер Петровски.

Семејството на загинатиот смета дека пресудата е срамна.

– Протестот се одржа поради нелогично ниската и тенденциозна пресуда на судијката Татјана Петровска, која му даде срамна казна на убиецот на мојот брат, иако брат ми немаше никаква вина за сообраќајката. Преку протест го искажавме нашиот револт, и обзнанувам дека и понатаму ќе продолжиме да ги користиме сите конвенционални средства, со цел да издејствуваме поправедна пресуда на Апелација, вели Бојан Петровски, брат на загинатиот Оливер.

За прегазувањето на 25-годишниот битолчанец кој управувал електричен тротинет, обвинетиот 21-годишен возач на „Фолксваген туран“ добил казна затвор од 18 месеци. Несреќата се случи во месец јули 2020 година, а пресудата е донесена пред неколку денови.

За семејството за трагично загинатиот Оли Петровски кој тргна, но не стигна на работа, казната е ниска. Неговиот брат Бојан Петровски посочи дека државата го убила Оли по вторпат.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ