Протест во Гостивар, активисти бараат да се премести депонијата „Русино“

Од:

Група еко-активисти и граѓани доцна попланднево започнаа протест насочен против палењето на регионалната депонија „Русино“ и нејзиното функционирање и со цел да го свртат вниманието на јавноста и институциите од ризикот што го прави неконтролираното депонирање на смет близу Гостивар.

Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ одржа мирен протест кој се одвиваше како дефиле со автомобили и транспаренти по повеќе градски улици.

Протестот, втор од ваков вид, е инициран од палењето на отпадот на депонијата и зголеменото загадување на воздухот. Еко-активистите бараат и дислокација на регионалната депонија Русино, со што како што велат ќе се стави крај на труењето на гостиварци и несосвесното работење на комуналните претпријатија и надлежните државни власти.

– Русино гори, капацитет нема иако надлежните ќе го кажат спротивното. Локацијата е несоодветна и придонесува за загадување на водухот. Русино е тивок убиец и го загадува целиот гостиварски регион. Здравјето ни е загрозено, животната средина уништена. Бараме да се затвори депонијата и еднаш засекогаш овој пропблем да се реши, изјави Анастасија Дукоска од иницијативата „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ пред почетокот на протестот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско