Пратеникот Љубен Арнаудов ги прими демонстрантите кои од Скопје патуваа до Охрид за да му достават писмо, кое како што велат, содржи барање за тој да не гласа за уставни измени. Тие пред неговиот дом гласно викаа да не биде предавник како неговиот колега Сашо Василески и да ги прими во неговиот дом.
https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/videos/2237294353226132/?__xts__[0]=33.%7B%22logging_data%22%3A%7B%22page_id%22%3A1503076853320130%2C%22event_type%22%3A%22clicked_all_page_posts%22%2C%22impression_info%22%3A%22eyJmIjp7InBhZ2VfaWQiOiIxNTAzMDc2ODUzMzIwMTMwIiwiaXRlbV9jb3VudCI6IjAifX0%22%2C%22surface%22%3A%22www_pages_home%22%2C%22interacted_story_type%22%3A%22565413710334575%22%2C%22session_id%22%3A%2293fbb13b61c7a7c929bc6c24d2703ff8%22%7D%7D
„Пред овој човек тука сакаме да му се обратиме на ВМРО-вски, знаеме со какви корени е, каква идеологија е. Вечерва сме тука за да го потсетиме, да го предомислиме за својата одлука, бидејќи Охрид не е предавнички град. Ќе се срамат цела генерација од него. Љубен да те потсетиме, не му било лесно ниту на Христо Узунов, Питу Гули, на сите револуционери. Ако седеле дома, немаше да ја има Македонија. Ти Љубен имаш обврска, да не учествуваш во ова предавство“, рече Бачев пред домот на Арнаудов.
Говорот во Охрид на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев пред домот на пратеникот Љубен Арнаудов!
Posted by Единствена Македонија on Сабота, 10 ноември 2018
Силното полициско обезбедување кај Арнаудов не дозволуваше демонстрантите да се доближат до неговиот дом.
Претходно, демонстрантите беа и пред домот на пратеникот Сашо Василевски каде имаше и вербална расправија помеѓу него и демонстрантите кои му упатија погрдни зборови. За нив, пратеникот Василевски е „предавник“ и „кодош“ на кого му била кажана само вистината, а никој не му се заканувал.
Кристијан Ландов