Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Од:

Владејачкото мнозинство не гледа прекршување на Деловникот со незакажувањето на седницата на која треба да се гласа потребата од отворање на Уставот. Од пратеничката група на СДСМ за А1он велат дека согласно Деловникот, 10 дена трае расправата, а гласањето може да се одолговлекува до недоглед.

„Ништо не е прекршено. Деловникот е јасен, 10 дена трае расправата, никаде не пишува дека треба да се гласа десет дена по одржаната седница. Тоа значи дека за уставни измени ќе се гласа кога ќе има услови, односно кога ќе се обезбедат 80 пратеници“, брифираат за А1он од пратеничката група на СДСМ.

Паралелно со убедувањето пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ убедува и еден свој пратеник да даде зелено светло за Уставните измени. Според информациите на А1он ниту пратеникот Диме Велковски, кој не гласаше за францускиот предлог, уште не е убеден дека внесувањето на бугарите во македонскиот Устав е добро за државата.

ВМРО-ДПМНЕ пак, уште е на координација со лидерот Хриситјан Мицкоски, на која се разгледуваат идните чекори, бидејќи според нив, денеска е денот кога треба да продолжи седницата за Уставните измени. Неофицијално, најмалку 20 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да побараат продолжување на седницата, како дополнителен притисок врз спикерот Талат Џафери да ја одржи седницата, нешто што претходно во писмо до јавноста како излез го посочи и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он