Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Од:

Пред седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид вечерва се собраа членови и симпатизери да го изразат својот револт, од како што велат, непринципиелната политика на СДСМ и опасноста од редефинирање на државата.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид Љубен Арнаудов, рече дека нема да дозволат двојазичност, разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и партиите на Албанците.

– Ние тука го креваме гласот и кажуваме дека постоиме, враќање нема ние ќе застанеме на браникот на татковината. Упатуваме апел до сите граѓани да се освестат бидејќи се работи за постоењето на Македонија, изјави Арнаудов.

Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид најавија дека ќе го мобилизира целото свое членство, а протестите ќе продолжат и ќе бидат помасовни, како и дека нема да дозволат да бидат загрозени интересите на државата и на македонскиот народ.

Слични собири вечерва се одржаа и во Битола, Ресен, Велес, Струга, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Скопје и други градови.

Фото: www.ohridnews.com

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски