Протест на Левица против урбанистичката мафија која ќе гради згради кај „Треска“

Од:

Левица повикува на протест „против криминалите на Треска“ утре во 17 часот пред фабриката „Треска“.

„Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври во 17.00 ч. пред фабриката Треска, на протест против испреплетените интереси на политичката, судската и урбанистичката мафија за криминално одземениот имот на работниците и обидот за целосна бетонизација на Центар и градот Скопје.

Со изградба на овие бетонски чудовишта ќе бидат населени 30.000 нови жители на ова мало место, со што се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на градот – за дополнително загадување на градскиот воздух и пренатрупување со население. Инсистираме да се почитува препораката на Државната комисија за спречување на корупција за забрана за градење поради две тековни предистражни постапки.

Левица – Центар ги повикува сите зелени движења и иницијативи, како и граѓаните на Општина Центар и градот Скопје да се приклучат на протестот“, соопштија од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот