Проштална средба на Заев со амбасадорката на Франција во Македонија, Лоранс Оер

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер.

Претседателот Заев се заблагодари за придонесот на амбасадорката Оер во развивање на односите помеѓу Франција и Македонија како и за нејзината силна поддршка за земјава и сите нејзини граѓани.

– Сакам да ви се за заблагодарам лично вам за Вашата неизмерна поддршка досега, како и за поддршката и помошта што Франција ја дава на Република Македонија. Очекуваме оваа подрршка да продолжи и да се интензивира уште повеќе во наредниот период, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше и за актуелни теми поврзани со моменталната политичка состојба во Македонија, како и за целите коишто треба да се исполнат за демократизација и конечно надминување на политичката криза преку кредибилни избори.

Заеднички беше констатирано дека следните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат во декември мора да бидат фер и демократски и дека е потребно да се испочитуваат роковите. Само ова е решението Македонија повторно да застане на цврсти нозе и повторно да биде на европската агенда.

– За СДСМ иднината на Македонија е во Европската унија и НАТО. СДСМ ќе направи се да ја врати земјата на демократскиот колосек, на патот на евроинтеграциите и економскиот напредок што ќе донесе подобар животен стандард на граѓаните, додаде Заев.

На крајот од средбата претседателот Заев и посака успех на амабасадорката Оер во нејзините идни ангажмани со надеж дека Македонија ќе може и понатаму да смета на нејзината поддршка.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев