А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Проширена иницијативата на УСАИД за одгледување пченка

by А1он27/06/2014 - 16:14122
Share0

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска го одбележа проширувањето на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка” во Полог каде што годинава донираше 15 системи за наводнување капка по капка.

Добивај вести на вибер

Директорот на УСАИД/Македонија Џејмс Стаин симболично вклучи два од новите 15 системи „капка по капка“ на полето со пченка на Назуф Џеладини во близина на село Тумчевиште и на полето на Билјана Савеска во близина на село Јанчиште.

– Го почнавме овој процес во Полог и Пелагонија во 2013-та со донирање 40 системи капка по капка на мали производители на пченка како дел од иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Ако нашето искуство од минатата година е некаков показател, сигурен сум дека комбинацијата на системите капка по капка и добрите земјоделски партики ќе имаат огромен ефект врз приносите на пченка”, рече Стаин.

На настанот присуствуваа градоначалниците од полошкиот регион, претставници од Агенцијата за подршка на земјоделството и Федерацијата на фармери, од млекарниците Фејзи, Екошар, Алпи, Лактоза, Муневере, Хит 73 и Тетовска млекарница, како и земјоделци и сточари од регионот.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси лани успеа да ги зголеми приносите на земјоделците кои учествуваа во иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка” за повеќе од 50 отсто. Со оглед дека пченката во Македонија најчесто се користи за сточна храна, зголемените приноси им овозможуваат на сточарите да нахранат четири пати повеќе крави со истата површина пченка. Овој пристап на одгледување пченка ќе им овозможи на малите земјоделски бизниси во Македонија да станат поконкурентни, попрофитабилни и поодржливи.

zemjodelstvo

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Предраг Петровиќ05/07/2023 - 20:11

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он13/09/2020 - 08:43

Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Жарко Настоски19/08/2020 - 19:3219/08/2020 - 19:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен