Пропаѓаат бекатон плочките на пешачката патека во Карпош 4, по градежните работи од минатата година

Од:

Пропаднати бекатон плочки и дупки покриени со гранки веќе неколку дена стојат отворени на пешачката патека во Карпош 4, во близина на слаткарницата „Палма“. Локалните жители, се жалат дека проблемот се појавил откако минатата година Град Скопје вршеле градежни работи на локацијата. Пропаднати плочки, има на неколку места долж патеката.

Од Град Скопје најавија дека ќе го решат проблемот. Оттаму посочија дека интервенции на пешачката патека имало и досега. Новоотворената дупка не била пријавена, па велат дека ќе испратат екипи за санација.

„Ќе ја поправиме“, велат кратко од Град Скопје.

Жителите велат дека проблеми со пропаѓање на бекатон плочките немало пред на патеката да бидат вршени градежни работи во текот на минатата година. По вадењето, а потоа и нивното враќање, велат дека се расклатени, пропаднати, а често се појавуваат и дупки. Кога има врнежи, велат, има и вирови.

Инаку, во јуни минатата година, при градежни работи кои беа правени на пешачката патека, беше пронајден надгробен олтар од римскиот период. За него, беше најавено дека ќе биде пренесен во локалитетот Скупи.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он