Пронајдено тело на старица во Неготино

Од:

На кејот на Тимјаничка река во Неготино денеска е пронајдена мртва старица, родена 1924 година, информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Старицата претходно на 21. јануари била пријавена во неготинската полиција како исчезната.

– Станува збор за старицата Ц.В. од неготинското село Вешје. По овластување на Јавен обвинител увид на лице место изврши екипа на полициска станица Неготино. Телото е прегледано од страна на медицинско лице и не се забележани траги на насилство, соопшти Стојковска.

Телото е предадено на семејството по наредба на обвинител.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари