Пронајдено починато лице во росоманското село Паликура

Од:

Во росоманското село Паликура вчера попладне е пронајдено починато 50 годишно лице во дворот од семејната куќа, потврди  утрово Деана Недељковиќ, од Секторот  за односи со јавност и протокол при МВР.

Како што информираше Недељковиќ, по наредба на јавен обвинител, а заради утврдување на причината за смртта, телото на лицето со иницијали Б.А било дадено во Судска медицина за обдукција.

– Вчера околу 17 часот во полициската станица  Кавадарци било пријавено дека во дворот на семејната куќа во селото Паликура било пронајдено починато лице. Смртта ја констатирал лекар  од Здравствен дом Кавадарци, а според првичните информации, немало видливи траги на насилство. Сепак причината за смртта ќе ја покаже обдукцијата, нагласи  Недељковиќ.

Увидна екипа на СВР Велес и јавен обвинител од Велес извршиле увид на лице место.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски