Пронајдено лице кое починало под неразјаснети околности

Од:

Во неготинското село Пепелиште вчера попладне било пронајдено починато средовечно лице во својот дом, чија смрт била под неразјаснети околности, информираат денеска од МВР.

Оттаму соопштуваат дека во полициската станица од Неготино, за пронајденото починато лице со иницијали О.А. родено 1969 година, пријавил лекар од итната медицинска помош.

– Од страна на лекарот од итна медицинска помош бил извршен преглед над лицето и констатирана смрт. Полицијата извршила увид на лице место, а подоцна увидот го преземало јавното обвинителство, кое наредило да се изврши обдукција на телото, велат од МВР.

Вистинските причини за смртта ќе се знаат дополнително по извештајот од судска медицина, а дотогаш куќата на лицето починато под неразјаснети околности, е запечатена.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари