Пронајдени околу 10 килограми марихуана, осомничен дилер од Дебар

Од:

Во две црни вреќи, а по претходно добиени сознанија, полицијата вчера пронашла девет и пол килограми марихуана кај местото викано „Раички Мост во Дебар. Според полицијата, осомничен за дрогата е дебарец добро познат на органите на прогонот.

Како што соопшти МВР по преземени мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето инволвирано во овој случај, а се работи за Б.Д. (38) од Дебар, инаку евидентиран извршител и на други кривични дела. Осомничениот е лоциран и вчера бил приведен во ПС Дебар за расчистување на случајот.

По обзбедена наредби од надлежен суд, вчера биле извршени претреси на три локации, при што во куќата каде што престојувал осомничениот биле пронајдени и одземени една патна торба и еден ранец со остатоци од наркотична дрога марихуана. По целосно документирање на случајот против Б.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он