Шеесет и деветгодишната Д.Н. синоќа околу 22.30 часот е пронадјена мртва во нејзиниот дом во Неготино, од страна на нејзиниот син.
Како што информираат од СВР во Велес, синот повикал медицинска помош, а докторот само констатирал смрт по што случајот го пријавил во полициската станица во Неготино.
– На лице место увид извршија истражен судија, јавен обвинител, полициски инспектори и крим техника. Телото е дадено на обдукција, а само обдукцијата може да ги каже вистинските причини за смртта на жената, појаснуваат од Службата за односи со јавноста при СВР Велес.