Пронајдена граната при копање нива во Беровско

Од:

Пронајдена е неексплодирана граната калибар 75 мм, непозната марка, при обработка на нива во атарот на Берово.

Педесет годишна жена  од Берово вчера попладне во полицијата пријавила дека на место викано „Ширината“, атар на Берово, при обработка на нива, пронашла неексплодирана граната калибар 75мм, непозната марка.

Граната била подигната за натамошна постапка од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Дневен билтен.

Би можело да ве интересира

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Техеран најави набавка на ново оружје: Иран ќе купува напредна воена опрема од „пријателски земји“

Документи и фотографии откриваат: Израел им продал напредни воени системи на Катар и Саудиска Арабија

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он