Пронајдена граната од Првата светска војна во РЕК Битола

Од:

Регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување со седиште во Битола денеска безбедно и со стручна екипа отстрани граната од Првата светска војна која во раните утрински часови била пронајдена во кругот на термоелектраната РЕК Битола.

Во изјава за МИА, раководителот на регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување Димче Јошевски истакна дека станува збор за рутинска и не ретка активност на дирекцијата бидејќи на подрачјето на ископите на РЕК Битола се среќаваат стари гранати од Првата светска војна.

– Имавме интервенција за остранување на неексплодирано воено средство артилериска граната од 75 милиметри од Првата светска војна. Гранатата беше отстранета рутински и дислоцирана на безбедно место во магацин. На тоа подрачје често се наоѓаат неексплодирани мини, бомби или гранати од Првата светска војна затоа што тука била линијата на Македонскиот фронт, истакна Јошевски.

Би можело да ве интересира

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола