Пронајдена автоматска пушка во Скопје, приведени три лица

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршија претрес во домот на Џ.Љ. (63).

При претресот е пронајдена автоматска пушка од кинеско производство, рамка за автоматска пушка и 40 куршуми калибар 7,62 милиметри.

За време на претресот С.Љ. (28) се обидела да ја фрли пушката надвор од куќата, но била забележана од полоициските службеници. Џ.Љ., С.Љ., како и Х.Љ. (35) се приведени во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 396 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ