Женски труп е пронајден вчера во 15 часот и 25 минути на брегот на Вардар кај местото викано „Ломи“ во гостиварското село Чегране.
Според полицијата, по препознавање од страна на семејството утврдено е дека станува збор за Марија. Ј. (71) од Гостивар.
По наредба на Јавното обвинителство над телото на починатата ќе се врши обдукција во Медицинскиот центар Гостивар.