Пронајден мртов затвореник во „Идризово“ – отслужувал 11 годишна казна

Од:

50-годишен затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово бил пронајден починат утринава.

Според информациите на А1он затвореникот бил пронајден доцна во ноќта во полуотвореното одделение во затворот и веднаш била повикана брза помош.

Од МВР за А1он го потврдија случајот и велат дека кај затвореникот првично немало траги на насилство.

„ На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.„, велат од МВР

Би можело да ве интересира

Човекот кој ја уби сопругата додека нивното дете славеше роденден си пресуди во затвор

А1он

Шасивари: 25 милиони евра за Идризово, нови службеници и затворско разузнавање – мерки за реформа на системот

Горан Наумовски

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

Затвореник од „Идризово“ загина од струен удар

Горан Наумовски

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

По четири години: Американски маринец ослободен од руски затвор во тешка состојба, Трамп му вети чизбургер