Промовирана софтверската алатка за предикција на аерозагадувањето „ПМ Аларм”

Од:

Во рамки на активностите на Планот за чист воздух за 2020 година, денеска на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се одржа јавна презентација на софтверската алатка за предикција на аерозагадувањето „ПМ Аларм”.

„ПМ Аларм” e софистициран систем за прогноза на аерозагадувањето во Република Северна Македонија, развиен од научниците од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот во Виена – Австрија и Универзитетот во Сао Паоло – Бразил, поддржано од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.

Апликацијата врши моделирање на аерозагадувањето со вклучување на временската прогноза и сѐ уште е во развој и во фаза на подобрување на визуелизацијата.

Таа овозможува 4-дневна прогноза за загадувањето на воздухот на територијата на државата.

“Од огромно значење е фактот што со својата посветеност, професионализам, знаење и креативна работа академската заедница сериозно се вклучува во обезбедување на апликативни научни решенија за информации и предикции за аерозагадувањето, кое што е еден од најактуелните проблеми во државата.

Заедно со науката да работиме на решавањето на проблемите и справување со предизвиците кои не очекуваат”, истакна Макрадули.

Апликацијата е достапна за сопствениците на “Ај О Ес” и “Андроид” уредите, но истата има и веб верзија (мапа) со временска оска, каде корисниците може да добијат визуелен приказ на загадувањето.

Веб верзијата е достапна на aqf.finki.ukim.mk.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Скопје меѓу првите десет најзагадени градови во светот

Катерина Ѓуровски

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Скопје со најотровен воздух во Европа, десетти најзагаден град во светот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски