Промовирана книгата „Подводна и хипербарична медицина“ на д-р Горан Балевски

Од:

Во Охрид синоќа беше промовирана книгата „Подводна и хипербарична медицина“ на авторот д-р Горан Балевски, единствениот лиценциран лекар-специјалист за односната област од медицината во земјата.

Станува збор обемен авторски труд, двојазично издание на англиски и македонски јазик, прво стручна литература во земјата што обработува теми од проблематиката за подводна и хипербарична медицина. Првиот дел на книгата се однесува на подводна медицина, наменет за нуркачите и за лекарите од општа пракса, додека вториот дел е посветен на хипербричната медицина, наменет исклучиво за лекарите-специјалисти.

За вредноста на односната стручна литература зборуваше проф. д-р Здравко Тројачанец, кој истакна дека книгата претставува задолжително четиво како за лицата кои рекреативно или професионално се занимаваат со нуркање, така и за лекарите што ги корстат методите на хипербарична оксигенција и декомпресија, како во случај на нуркачки несреќи, така и при лекување на други здравствени нарушувања.

Авторот Балевски во изјавата  за МИА рече дека неговото дело е производ на дведецениското искуство во нуркањето, како и искуствата стекнати во работата со хиперабричната комора во Охрид, инаку првата опрема од тој вид во Македонија.

–  Во книгата меѓу другото се посочени сите проблеми и опасности што можат да се појават при нуркањето, односно се она што треба да го знае секој нуркач за безбедно да оди под вода. Тука се опфатени и сопствените искуства во работата со хипербарната комора односно лекувањето на првите пациенти-нуркачи кои беа третирани во неа, рече тој.

Балевски е постдипломец на Институтот за подводна и хипербарична медицина во Сплит од 2000 година.  Тој е активен нуркач, член на Тимот за подводно хуманитарно деминирање, претседател на Клубот за подводни активности во Охрид, лиценциран лекар за подводна и хипербарична медицина со активен статус.

Би можело да ве интересира

Прогласени добитниците на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

А1он

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Сашко Јовев: Ова е круната на македонската медицина, имаме одлични тимови, продолжуваме да спасуваме животи

А1он

Медицинскиот канабис сериозен бизнис, земјава уште без регулатива, познавања и технологии

ЦЕСИ: Над 60 отсто од хрватските гинеколози не извршуваат абортус поради „приговор на совест“

Медицинскиот факултет распиша 104 специјализации

Ана Ололовска