Промовирана анализата „Спроведување на одлуките на ЕСЧП во периодот 2013-2016“

Од:

Во заклучоците на правната анилиза „Спроведување на одлуките на Европскиот суд за човековите права во периодот 2013-2016“ што денеска беше промовирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија се наведува дека во анализираниот период не се направени битни поместувања на системот на имплементација на пресудите на ЕСЧП, ниту пак е видливо сменет односот кон оние пресуди од страна на судовите, обвинителството, полицијата и другите државни органи кои се дел од системот за спроведување на правото.

Пресудите на ЕСЧП не извршиле никакво влијание врз казнувањето или напредувањето на инволвираните судии, ниту пак, таа можност е законски дадено, се наведува во анализата.

Според Гордана Лажетиќ Бужаровска, професорка на правниот факултет анализата доаѓа во висинско време, затоа што рејтинот на Македонија во Стразбур е намален, односно државата нема ни преодна оцена.

Анализата препорачува потреба од промени на законите што се применуваат при истрагата на случаи кога е иницирана тортура, односно повреда на членот 3 од Европската комисија за човекови права.

Една од авторките на анализата, Мирјана Најчевска посочи дека со годините се стекнал впечаток дека одлуките на ЕСЧП се извршени кога ќе биде исплатена оштетата на луѓето.

– Всушност се работи за сигнализирање на проблем. Со секоја пресуда и одлука на ЕСЧП се сигнализира проблем што не е едноставен, туку најчесто повеќеслоен и системски проблем што се проткајува низ целиот правосуден систем, а довел до прекршување на одредено човеково право за кој државата рекла дека ќе го гарантира врз основа на Европската конвенција за човекови права, рече Најческа.

Пресудите на ЕСЧП треба да доведе до видливи поместувања, како во пракса, така и во законите кои регулираат одредена материја за да се минимизираат условите и одново да се појавуваат слични прекршувања на човековите права.

Пресудите на ЕСЧП не нудат готови решенија, туку тие се дадени сигнали за проблемот со кој што се соочува одредена држава, додава Најческа.

Според поранешната судијка на ЕСЧП Маргарита Цаца Николовска државата веќе треба да почне да размислува како ефективно ќе ги расчистува работите во судството.

– Доволно време беше за декларативните изјави и за укажувањето што ќе се направи. Сега веќе треба нешто да се направи и треба на дело да се спроведуваат одлуките, рече таа.

Правната анализа „Спроведување на одлуките на Европскиот суд за човековите права во периодот 2013-2016“ е дел од едицијата „Реформите наспроти правата“.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Стразбур во февруари ќе соопшти дали важат помилувањата од експретседателот Ѓорѓе Иванов

Кристијан Ландов

Стразбур ќе ја тужи француската држава за нејзиниот „неуспех“ да ги згрижи луѓето кои се на улица

А1он

Комшиите од Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се изградат кулите на паркингот кај „Холидеј ин“

Жарко Настоски